Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес инцидент кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Неочекуван наод кај Струга: Древен гроб со златни предмети и оружје!

Gladiator 05/10/2026

Ново значајно археолошко откритие е направено на локалитетот Расница, во близина на струшкото село Корошишта. Археолозите таму откриле богато воено погребување кое датира од архајскиот период и содржи бројни предмети поврзани со воинскиот статус на погребаниот.

Меѓу откриените предмети се наоѓаат штит, шлем, копја и меч, но и вредни артефакти изработени од злато, бронза и килибар. Богатството и разновидноста на прилозите укажуваат дека станува збор за погребување на личност со особено значајна општествена и воена улога.

Резултатите од годинашните археолошки истражувања беа презентирани пред јавноста од страна на Археолошкиот музеј. Истражувањата ги предводи археологот д-р Перо Арџанлиев, а на презентацијата присуствуваа и директорката на Музејот, Магдалена Манаскова, како и директорката на Управата за заштита на културното наследство, Весела Честоева.

Според археолозите, новите наоди можат да дадат дополнителни сознанија за начинот на кој било организирано општеството, улогата на воините и погребните традиции во Охридско-струшкиот крај во VI век пред нашата ера.

Расница привлече поголемо внимание уште во 2024 година, кога истражувањата открија монументална гробница со исклучително вредни предмети. Тогаш беа пронајдени, меѓу другото, бронзен шлем украсен со златни апликации, златен надградник, сребрени игли и садови.

Најновото откритие дополнително го потврдува археолошкиот потенцијал на овој локалитет и отвора можност за нови сознанија за историјата на древните заедници кои живееле во овој дел од Македонија.

Веста ја пренесува 4news.mk

Tags: археолози локалитет струга

Continue Reading

Previous: Астрономите за првпат уловија радиосигнал директно од планета надвор од Сончевиот систем!
Next: Димовска: Граѓаните не ги знаат верските празници, сакаат само да си спојат за викенд

Најново

  • Нов пресврт во случајот со Данка Илиќ: Обвинетите изнесоа шокантни тврдења пред судот
  • (ВИДЕО) Пожар избувна во болницата „8 септември“ во Скопје
  • (ВИДЕО) Автобус се судри со цистерна со гас – загинаа 10 лица, а 27 се повредени во Пакистан
  • Европа на нозе: Протести во повеќе од 25 држави поради скапотијата!
  • (ВИДЕО) Путин се одмазди со страшен напад врз Украина

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Нов пресврт во случајот со Данка Илиќ: Обвинетите изнесоа шокантни тврдења пред судот

Нов пресврт во случајот со Данка Илиќ: Обвинетите изнесоа шокантни тврдења пред судот

20/11/2026
(ВИДЕО) Пожар избувна во болницата „8 септември“ во Скопје

(ВИДЕО) Пожар избувна во болницата „8 септември“ во Скопје

20/11/2026
(ВИДЕО) Автобус се судри со цистерна со гас – загинаа 10 лица, а 27 се повредени во Пакистан

(ВИДЕО) Автобус се судри со цистерна со гас – загинаа 10 лица, а 27 се повредени во Пакистан

20/11/2026
Европа на нозе: Протести во повеќе од 25 држави поради скапотијата!

Европа на нозе: Протести во повеќе од 25 држави поради скапотијата!

20/11/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Нов пресврт во случајот со Данка Илиќ: Обвинетите изнесоа шокантни тврдења пред судот
  • (ВИДЕО) Пожар избувна во болницата „8 септември“ во Скопје
  • (ВИДЕО) Автобус се судри со цистерна со гас – загинаа 10 лица, а 27 се повредени во Пакистан
  • Европа на нозе: Протести во повеќе од 25 држави поради скапотијата!
  • (ВИДЕО) Путин се одмазди со страшен напад врз Украина

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.