Шокантен случај во Велика Британија открива до каде може да оди занемарувањето на животните. Во една куќа биле пронајдени дури 84 кучиња, кои живееле во исклучително нехигиенски услови, опкружени со урина и измет.
Голем дел од животните биле недохранети и сериозно запуштени. Кај некои биле забележани инфицирани повреди, а едно од кучињата имало и скршена нога.
Случајот бил откриен откако загрижен граѓанин ги пријавил условите во кои се наоѓале животните. Надлежните служби потоа интервенирале и ги спасиле кучињата.
За нивното занемарување бил обвинет мажот кој живеел во куќата заедно со сопругата и синот. Тој бил прогласен за виновен затоа што не им обезбедил соодветна грижа на животните, додека и останатите членови на семејството ја признале вината.
По спасувањето, кучињата биле згрижени и постепено почнале да добиваат шанса за нов живот, а дел од нив веќе нашле нови домови.
На семејството допрва му претстои изрекување на казната, кое е закажано за декември.
Веста ја пренесува Bbcnewsnasrpskom.
