Посмртните останки за кои се претпоставува дека му припаѓаат на цар Самоил пристигнаа во Бугарија, каде што беа пречекани со високи државни почести и свечена церемонија.
Настанот беше проследен со интонирање на бугарската државна химна, додека во чест на пристигнувањето беа испукани и 21 топовски салут.
Сепак, покрај свечениот пречек, во јавноста повторно се отвори прашањето за автентичноста на останките. Дел од бугарските коментари изразуваат сомнеж дека тие навистина му припаѓаат на средновековниот владетел, а во поединечни реакции се појавија и споредби со шимпанзо.
Веста ја пренесува 24chasa.mk
