Штип повторно има причина за гордост! Борачите на БК „Балканец“ остварија одлични настапи на Балканското првенство во Хрватска, каде досега обезбедија пет одличја за македонскиот спорт.
Највисоко на пиедесталот се искачи Марио Ананиев, кој се закити со златен медал и го потврди својот квалитет на големата балканска сцена.
Покрај златото, македонската експедиција предводена од штипскиот клуб освои и четири бронзени медали:
Марио Ананиев – златен медал
Зоран Шоров – бронзен медал
Андреј Мишев – бронзен медал
Лука Ананиев – бронзен медал
Бојана Ковачова – бронзен медал
Особено внимание привлече настапот на Бојана Ковачова, која со сигурна и убедлива борба, завршена со резултат 8:0, стигна до бронзеното одличје.
Со пет медали, „Балканец“ испраќа силна порака дека штипското борење има што да покаже и на меѓународната сцена.
Веста ја пренесува Shtip Today.
