Фото: Принтскрин
Премиерот на Бугарија, Румен Радев треба да ги прими посмртните останки на цар Самоил, а на настанот беше присутен и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
Бугарија и Грција потпишаа договор, со што треба да разменат артефакти, а останките од цар Самоил треба да ги добие нашиот источен сосед.
„Во минатото цар Самоил нè делеше, но сега нè обединува. Тоа што е постигнато денес дополнително ќе го зајакне нашето пријателство“, кажа Радев.
Посмртните останки ќе стигнат во Софија, по што ќе бидат примени на плоштад, а потоа ќе бидат положени во црквата „Света Софија“.
