Фото: Принтскрин
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас имаше интервју за „Флешскор“ во кое зборуваше за различни теми од кариерата, но и големиот сон со Македонија да игра на Светско првенство (СП).
„Отсекогаш сонувам да играм на Мундијал со Македонија. Додека сум здрав и ме држат нозете, ќе дадам максимум за националниот тим“, кажа Елмас.
Македонија вечерва ја продолжува својата борба во Лигата на нации, каде што ќе се соочи против Шкотска.
