Стравични сцени се забележани по тешката сообраќајна несреќа што се случила на автопатот во близина на Кузмин во Србија.
Во ланчаниот судир учествувале повеќе патнички возила и товарни камиони. Засега нема официјални информации за состојбата на лицата кои биле вклучени во несреќата.
Според првичните информации, една од можните причини за судирот е намалената видливост, која наводно била предизвикана од чадот што се создал поради пожари на земјоделски површини во близина на автопатот.
Инцидентот предизвикал сериозни проблеми во сообраќајот, а повеќе детали за несреќата се очекуваат по завршувањето на увидот.
Веста ја пренесува Mojgradsm.
