Фото: Принтскрин
Премиерот Христијан Мицкоски испрати порака до студентите на првиот универзитетски час од новата учебна година на Универзитетот „Гоце Делчев“.
Мицкоски кажа дека за негово образование бил во странство, но повторно се вратил во Македонија.
„Добар дел од својот живот поминав во Италија, дел од својот живот поминав во Германија, завршувајќи го експерименталниот дел од мојот докторат. Еден дел од својот живот поминав и како визитинг професор на универзитетот технички во Виена. Но, тоа коешто секогаш ме инспирираше и претставуваше моја водилка во животот, а тоа беше мојата родна земја, татковина Македонија. Каде и да одев, се враќав назад и знаев дека тука ќе го формирам моето семејство и тука ќе го продолжам мојот живот. На тој начин ги воспитувам и моите синови Јован и Антониј. Вистинскиот живот е борбата којашто ве чека, борбата за вашето семејство и борбата за вашата родена земја, Македонија. Тоа никогаш немој да го заборавите. Каде и да одите, вратете се дома“, кажа Мицкоски.
