Снимка направена во близина на Младо Нагоричане повторно го привлече вниманието кон ризичното однесување во сообраќајот. На видеото се гледа лице кое управува електричен тротинет по коловозот, додека зад него се создава колона возила.
Ваквите ситуации можат да доведат до сериозни последици, особено кога возачите се принудени ненадејно да реагираат, да закочат или да го променат правецот на движење за да избегнат судир.
Еден момент на невнимание може да биде доволен за да биде загрозен животот не само на лицето што се движи со тротинет, туку и на останатите учесници во сообраќајот.
Видео: Kumanovska Gorilla.
