Нови снимки, за кои се тврди дека се направени во кабината на авион на „Флајдубаи“, се појавија во јавноста по инцидентот во кој пилотот бил нападнат со нож.
Според првичните информации, видеото најверојатно го прикажува периодот во кој се случил инцидентот. Особено внимание привлече еден од патниците, чијашто облека на снимката се совпаѓа со маицата забележана на претходно објавени и потврдени фотографии поврзани со случајот.
Токму ова се смета за дополнителен показател дека снимката може да е направена во текот на самиот настан. Засега, сепак, околностите околу снимката и точниот момент на нејзиното настанување се предмет на дополнителна проверка.
Веста ја пренесува Airporthaber.
