Фото: Принтскрин
На собирот во Ровињ годинава беше претставен проектот за легендарниот македонски пејач Тоше Проески, а зад него стои „ОХО Продукција“.
Продуцентот Пеце Талески, авторот Игор Стоименов и сценаристите Милана Влаовиќ и Андреј Волкашин зборуваа за проектот кој ќе се снима во три формати, како што се игран филм, играна серија и документарна серија.
Тоше го загуби животот на 26-годишна возраст во тешка сообраќајка во Нова Градишка, Хрватска.
