Фото: Принтскрин
Пијан со моќен џип „БВМ“, со дури 1,70 промили алкохол во крвта и досие од 29 прекршоци, Никола Лукиќ на 19 септември во Ужице го усмртил 21-годишниот Марко Тошиќ.
Оваа трагедија го крена градот на нозе, а Јавното Обвинителство почна истрага, додека осомничениот се соочува со затворска казна од 15 години затвор.
Во текот на предистражната постапка се појавиле шокантни податоци за однесувањето на осомничениот во сообраќајката.
Тој бил дури 29 пати осудуван поради прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
