Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин гориво грција дискотека донација земјотрес инцидент кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ВИДЕО) Сузбиена терористичка група во Скопје – пронајдени снајпери, пушки и знамиња на ИСИС

Gladiator 29/09/2026

Фото: МВР

Пет лица се уапсени во координирана полициска акција во Скопје, при што се пронајдени различни оружја и знамиња на ИСИС.

„На 28.09.2026 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за нацонална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

Постапувајќи по наредби за претреси во дом и други простории издадени од Судија на претходна постапка, извршени се претреси кај шест лица, на вкупно 12 локации на подрачјето на Град Скопје, при што од слобода се лишени пет лица. При извршените претреси, се пронајдени и одземени автоматски пушки, рамки за автоматски пушки, снајперска пушка, рамка за снајперска пушка, пиштоли, куршуми од различен калибар, тактички елек, радио врски, официјално знаме на терористичката организација ИСИС, поголема количина на електронски уреди, мобилни телефони, како и поголема сума на денарски и девизни парични средства.

Во текот на претресите е утврдено и неовластено користење на електрична енергија, за што се преземаат дополнителни мерки и активности согласно законските надлежности.

К.И. (34) во 2023 година започнал со делување во рамки на злосторничка организација – огранок со основи на идеолошка матрица на терористичката организација ИСИС, со цел извршување на кривични дела на територијата на нашата држава. Како припадник на терористичката организација ИСИС, вршел индоктринација на млади лица за исполнување на цели на терористичката организација ИСИС, а исто така ширел пропаганден материјал со екстремна и радикална содржина и набавувал и ракувал со огнено оружје. Б.А.(24) и Е.С.(30) заедно со К.И. формирале група во која неовластено поседувале, посредувале и тргувале со огнено оружје и муниција.

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 29.09.2026 до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против три лица од Скопје, К.И. (34) за сторени кривични дела „тероризам“ (чл.394-б ст.5 в.в. ст.1) и кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“ (чл.396 ст.5 в.в. ст.3 в.в. ст.6) од КЗ, како и против Б.А. (24) и Е.С. (30) за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“ (чл.396 ст.6 в.в. ст. 1) од Кривичен Законик“, соопшти МВР.

Tags: мвр

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) Косовски рапер го изнајмил Македониумот во Крушево за 500 евра
Next: Пензионерите на протест – бараат линеарно зголемување на пензиите!

Најново

  • „Безбеден град“ наскоро ќе ги регистрира и овие прекршоци
  • (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови снимки од трагедијата кај МНТ: Камерите го забележале кобниот удар!
  • (ВИДЕО) „Цар Самоил во минатото нè делеше, а сега нè обединува“: Радев го поздрави Мицотакис
  • Мицкоски кажа какви цени на горивата се очекуваат следната недела
  • Кораб повторно во центарот на вниманието: Вратен двоглавиот орел, симнато македонското знаме!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

„Безбеден град“ наскоро ќе ги регистрира и овие прекршоци

„Безбеден град“ наскоро ќе ги регистрира и овие прекршоци

03/10/2026
(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови снимки од трагедијата кај МНТ: Камерите го забележале кобниот удар!

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови снимки од трагедијата кај МНТ: Камерите го забележале кобниот удар!

03/10/2026
(ВИДЕО) „Цар Самоил во минатото нè делеше, а сега нè обединува“: Радев го поздрави Мицотакис

(ВИДЕО) „Цар Самоил во минатото нè делеше, а сега нè обединува“: Радев го поздрави Мицотакис

03/10/2026
Мицкоски кажа какви цени на горивата се очекуваат следната недела

Мицкоски кажа какви цени на горивата се очекуваат следната недела

03/10/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • „Безбеден град“ наскоро ќе ги регистрира и овие прекршоци
  • (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови снимки од трагедијата кај МНТ: Камерите го забележале кобниот удар!
  • (ВИДЕО) „Цар Самоил во минатото нè делеше, а сега нè обединува“: Радев го поздрави Мицотакис
  • Мицкоски кажа какви цени на горивата се очекуваат следната недела
  • Кораб повторно во центарот на вниманието: Вратен двоглавиот орел, симнато македонското знаме!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.