Криста Пајк би можела да стане првата жена погубена во американската сојузна држава Тенеси по повеќе од 200 години.
Пајк била само 20-годишна кога била осудена на смрт, со што станала најмладата жена во САД која во тоа време добила таква казна.
Случајот се однесува на убиството на 19-годишната Колин Слемер. Според обвинението, Пајк и нејзиниот тогашен партнер Тадарил Шип ја нападнале и убиле Слемер, која ја запознале додека сите биле во камп наменет за проблематични тинејџери.
По речиси три децении од изрекувањето на пресудата, Пајк сега се соочува со закажан датум за извршување на смртната казна — 30 септември.
Наместо електрична столица, како што било предвидено со првичната пресуда, егзекуцијата треба да биде извршена со смртоносна инјекција.
Нејзините адвокати, сепак, тврдат дека околностите во кои се случил случајот покажуваат дека Пајк и самата била жртва.
Доколку казната биде извршена, Пајк ќе влезе во историјата како првата жена погубена во Тенеси по повеќе од два века.
Веста ја пренесува Bbcnewsnasrpskom.
