Фото: Принтскрин
Мерката за намален данок на додадена вредност за дизел-горивото продолжува и во наредниот период. Владата донесе одлука ДДВ-то за дизелот да остане на 10 отсто, наместо редовната стапка од 18 отсто, до 12 октомври.
Од Министерството за финансии посочуваат дека продолжувањето на мерката има за цел да се ублажи влијанието на промените на цените на горивата врз граѓаните и домашната економија.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска изјави дека со ваквиот чекор се настојува да се спречи дополнителен притисок врз крајните цени на производите и услугите.
Според неа, пониската даночна стапка директно се одразува врз цената на дизелот на пазарот, а со тоа се намалува и ризикот повисоките трошоци за гориво да се пренесат во други сегменти од економијата.
Владата, како што беше наведено, ќе продолжи да ги следи состојбите на меѓународните пазари и да реагира со соодветни мерки доколку има потреба од дополнително ублажување на ценовните притисоци.
Веста ја пренесува Televizija Kocani.

