Фото: Принтскрин
Професорката Мирјана Најчевска реагираше на протестот во Скопје, кој беше организиран во знак на поддршка на осудените водачи на УЧК.
Најчевска ги праша демонстрантите зошто не протестирале против одговорните за фекалиите пронајдени во водата за пиење во Гостивар.
„Не протестираа против оние кои ги наранија со лајна во Гостивар. Заклучок сакаат да јадат лајна. Протестираат против пресуда на меѓународен суд кој носи пресуди за воени злосторства. Заклучок: сакаат и поддржуваат виени злосторници. Извинете ама овие луѓе на овие протести за мене се мизерен шлајм на општетсвото. Овие луѓе не може да сакаат владеење на правото ниту пак демократски институции“, објави Најчевска.

