Детското игралиште во населбата Карпош 1 повторно е оштетено, откако непознати лица направиле штета врз дел од реквизитите наменети за најмладите, како и врз урбаната опрема.
Од Општина Карпош информираат дека континуирано се вложуваат средства во уредување и одржување на јавните простори, вклучително и во изградба, реконструкција и обновување на детските игралишта.
Сепак, ваквите случаи на оштетување претставуваат дополнителен проблем и ги зголемуваат потребите за повторни интервенции и поправки на јавната инфраструктура.
Од локалната самоуправа упатуваат апел до граѓаните да се однесуваат совесно и да ја чуваат јавната опрема, бидејќи игралиштата и останатите јавни површини се наменети за користење од целата заедница, а особено за безбедна игра и престој на децата.
Веста ја пренесува Skopje1.mk





