Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, официјално поднесе оставка од функцијата претседател на Републиката.
Вучиќ ја потпишал оставката, повикувајќи се на член 116, став 5 од Уставот на Србија, а документот ќе биде доставен до Народното собрание.
По потпишувањето, тој најави дека примопредавањето на должноста ќе се одржи утре, кога функцијата ќе ја преземе претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, согласно уставната процедура.
Вучиќ претходно најави дека јавноста ќе биде информирана за неговата одлука во согласност со Уставот.
По престанокот на неговиот мандат, следува процедура за избор на нов претседател на Србија. Според најавите, претседателските избори треба да се одржат во рокот предвиден со Уставот, а Вучиќ посочи дека тие мора да се одржат до крајот на декември.
Веста ја пренесува Informer.rs
