Инцидент што ги вознемирил жителите на една зграда во комплексот „Београд на води“ во Србија се случил во саботата, 19 септември, околу 22:30 часот.
Според сведоштвата на станарите, проблемот започнал по расправија околу влегувањето на куче во оградениот дел од дворот на зградата. Ситуацијата, како што се наведува во објавата на станарите, набрзо ескалирала.
Сосед кој живее во станот 408, наводно, ги повикал мажот и неговата девојка во својот стан. Таму, според нивните тврдења, им се заканувал со огнено оружје. Дел од случувањата бил снимен, а видеото подоцна било споделено.
На местото пристигнала полицијата, по што мажот бил приведен, а оружјето му било одземено. Според информациите објавени од станарите, при проверката било утврдено дека оружјето не било играчка или реплика, туку вистинско оружје.
Случајот предизвикал дополнителна вознемиреност меѓу жителите, особено затоа што во зградата и за официјални детали за тоа какви мерки ќе преземат надлежните институции и дали противедничкиот двор често престојуваат семејства со деца.
Засега нема објавени дополнителни официјални детали за тоа какви мерки ќе преземат надлежните институции и дали против приведениот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Веста ја пренесува Senzor.rs
