Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Еве колкава затворска казна ќе добие Филиповиќ по трагичниот случај кај МНТ: Апелација ја донесе конечната одлука!

Gladiator 23/09/2026

Апелациониот суд ја потврдил затворската казна за Гордана Филиповиќ од Куманово, која е осудена на две години и шест месеци затвор поради сообраќајната несреќа во која животот го загуби 76-годишниот Слободан Ангеловски.

Станува збор за несреќата што се случи во 2022 година кај мостот „Гоце Делчев“, во близина на Македонскиот народен театар во Скопје.

Повисокиот суд ги одбил и жалбата на Филиповиќ, која барала преиспитување на пресудата, и жалбата на Обвинителството, кое барало изрекување построга казна. Со тоа останува во сила одлуката на Основниот кривичен суд Скопје донесена по повтореното судење.

Во образложението на Апелација се наведува дека првостепениот суд правилно ги утврдил фактите и околностите под кои дошло до несреќата.

Според судските наоди, Филиповиќ се движела со автомобил по една од фреквентните скопски сообраќајници со брзина од 54,4 километри на час, иако дозволената брзина на тој дел од патот била 50 километри на час.

Особено внимание било посветено на моментот кога возачката се приближувала до пешачкиот премин. Другите возила во соседните ленти веќе биле запрени, што според судот требало да укаже дека пешак се наоѓа на преминот.

Наместо да запре, според утврденото во постапката, Филиповиќ продолжила со движењето, заобиколила возило кое стоело во средната лента и преминала во третата лента. Во тој момент дошло до ударот во пешакот.

Во несреќата животот го загуби 76-годишниот Слободан Ангеловски.

Овој предмет веќе еднаш бил разгледуван од Апелациониот суд. Во првичната постапка Филиповиќ била осудена на три години затвор, но пресудата била укината, по што случајот бил вратен на повторно судење.

По повторената постапка, Основниот кривичен суд Скопје ѝ изрече казна од две години и шест месеци затвор.

Синот на починатиот, Столе Ангеловски, по изрекувањето на оваа казна јавно изрази незадоволство и оцени дека санкцијата е прениска.

Одбраната, пак, во жалбата укажувала дека станува збор за дело сторено од небрежност, а не со умисла. И Обвинителството поднело жалба, но со спротивно барање – да биде изречена повисока казна.

Апелациониот суд ги разгледал двете жалби и ги одбил, со што правосилно останува казната од две години и шест месеци затвор.

Веста ја пренесува Skopje1.mk

Tags: апелација затвор несреќа Филиповиќ

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) Нов случај на вандализам во Влае: Автомобил остана без ретровизор!

Најново

  • Еве колкава затворска казна ќе добие Филиповиќ по трагичниот случај кај МНТ: Апелација ја донесе конечната одлука!
  • (ВИДЕО) Нов случај на вандализам во Влае: Автомобил остана без ретровизор!
  • (ВИДЕО) Навивачката еуфорија одеднаш доби неочекуван пресврт: Снимката ги збуни сите!
  • (ВИДЕО) Се качи на бродот насмеан, а само неколку секунди подоцна ги остави сите во шок!
  • (ВИДЕО) Никој не се осмелувал да ѝ пријде: Тогаш се појавил тој и направил нешто неверојатно!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Еве колкава затворска казна ќе добие Филиповиќ по трагичниот случај кај МНТ: Апелација ја донесе конечната одлука!

Еве колкава затворска казна ќе добие Филиповиќ по трагичниот случај кај МНТ: Апелација ја донесе конечната одлука!

23/09/2026
(ВИДЕО) Нов случај на вандализам во Влае: Автомобил остана без ретровизор!

(ВИДЕО) Нов случај на вандализам во Влае: Автомобил остана без ретровизор!

23/09/2026
(ВИДЕО) Навивачката еуфорија одеднаш доби неочекуван пресврт: Снимката ги збуни сите!

(ВИДЕО) Навивачката еуфорија одеднаш доби неочекуван пресврт: Снимката ги збуни сите!

23/09/2026
(ВИДЕО) Се качи на бродот насмеан, а само неколку секунди подоцна ги остави сите во шок!

(ВИДЕО) Се качи на бродот насмеан, а само неколку секунди подоцна ги остави сите во шок!

23/09/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Еве колкава затворска казна ќе добие Филиповиќ по трагичниот случај кај МНТ: Апелација ја донесе конечната одлука!
  • (ВИДЕО) Нов случај на вандализам во Влае: Автомобил остана без ретровизор!
  • (ВИДЕО) Навивачката еуфорија одеднаш доби неочекуван пресврт: Снимката ги збуни сите!
  • (ВИДЕО) Се качи на бродот насмеан, а само неколку секунди подоцна ги остави сите во шок!
  • (ВИДЕО) Никој не се осмелувал да ѝ пријде: Тогаш се појавил тој и направил нешто неверојатно!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.