Она што започнало како безгрижна забава на Ибица за еден млад Британец за само неколку секунди се претворило во драматичен момент.
Младиот турист се качил на брод и почнал да пее, но при враќањето кон копното се случил инцидент. Додека се движел по металната конструкција што служела како премин од бродот до брегот, мостчето ненадејно се превртело.
Момчето ја изгубило рамнотежата, се лизнало и паднало директно на бетонската површина, удирајќи со главата.
Снимката од инцидентот ја објавил Леви Педро, а видеото подоцна било пренесено и од локални медиуми на Ибица.
Засега нема официјални информации за тоа колку сериозни се повредите или каква е здравствената состојба на младиот Британец.
Од безгрижно пеење до драматичен пад – сè се случило за само неколку секунди.
