На Клиниката за детски болести денеска повторно одекна звукот на победничкото ѕвонче – овојпат во чест на Бајрам, кој храбро го издржа тешкиот период и ја доби својата најважна битка.
Радосната вест ја споделија од Клиниката, од каде што порачаа дека неговата приказна е уште еден потсетник на силата, храброста и надежта што ги носат најтешките моменти.
Ѕвончето, кое симболично означува победа над болеста, повторно заѕвони за Бајрам. Зад неговиот звук стои долг и тежок пат, но и голема радост за успешно завршеното лекување.
Од Клиниката му посакаа добро здравје, безгрижни денови и долг, среќен живот исполнет со насмевки и убави моменти.
За Бајрам денеска ѕвони ѕвончето на победата – како симбол дека најтешкиот дел од патот е зад него.
Веста ја пренесува 24chasa.mk
