Фото: Принтскрин
Трагична вест ја потресе српската музичка сцена откако 26-годишниот пејач Горан Максимовиќ го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа кај Шабац, Србија.
Несреќата се случила утрово околу 6:20 часот во местото Слатина. Според досегашните информации, автомобилот во кој се наоѓале четири лица излетал од патот.
Максимовиќ починал, додека уште три лица биле повредени, а меѓу нив била и неговата сопруга.
