Фото: Принтскрин
Државјанин на Србија настрада на Октоберфест во Германија каде што го згмечила една од машините во забавниот парк.
Несреќата се случила на атракцијата „Хенговер“, кула за слободен пад од околу 80 метри, а настраданиот бил работник во обезбедувањето.
Според првичните информации, Србинот се здобил со тешки повреди и бил префрлен во болница, каде што 52-годишниот маж го загубил животот.
