Фото: Принтскрин
Италијанската премиерка Џорџа Мелони најави дека наскоро ќе биде предложена мерка за забрана на носење бурки и никаби во училиштата.
Мелони кажа дека оваа мерка ќе стане задолжителна, а исто така ќе се ограничи бројот на странски ученици во одделенијата.
„Секој што доаѓа во Италија и сака да ја гради својата иднина тука, мора да го научи нашиот јазик, да ја разбере нашата култура и да ги почитува нашите правила“, кажа Мелони.
Засега станува збор за најавен предлог, кој треба да оди пред италијанската влада и потоа да помине низ законската постапка.
🇮🇹 | Meloni anuncia una restricción del burka en las escuelas italianas. pic.twitter.com/gCudWC30Z2— ʜᴇʀQʟᴇs (@herqles_es) September 21, 2026
