Фото: Принтскрин
Жителите на два региони на истокот на Полска добија итно предупредување да бараат безбедно место и засолниште поради големиот руски воздушен напад на западот на Украина, во близина на полската граница.
Во пограничните области беше активирана узбуна, додека полската војска ги активира борбените авиони за да ја следи ситуацијата и да го заштити воздушниот простор на земјата.
„Предупредување! Предупредување! Опасност од воздушен напад. Пронајдете безбедно место. Следете ги насоките на надлежните служби“, гласеше пораката која ја добија граѓаните.
