Фото: Принтскрин
Неверојатна трагедија се случила утрово на плажа во Вуљагмени во Грција, каде што 82-годишен маж починал од срцев удар по тепачка со друго лице.
„Прототема“ пишува дека инцидентот се случил во 9 часот наутро, кога 82-годишниот стигнал на плажа со сопругата, а потоа седнале на лежалка.
Подоцна, на истото место пристигнал друг пар, 76-годишен маж и 21-годишна жена која купила билет за лице со инвалидитет.
Поради лежалката избувнала вербална караница, по што една од жените биле пренесна во болница. Сепак, 76-годишникот се вратил и ситуацијата ескалирала до тој степен што се степал со 82-годишниот маж, кој потоа доживеал срцев удар и бил пренесен во болница, меѓутоа починал.
