Фото: Принтскрин
Сообраќајна незгода се случила на магистралниот пат Мојковац – Колашин, каде што автобус полн со ученици удрил во карпа, при што повредени се четири деца и возачот.
Според првичните информации, незгодата се случила околу 20.35 часот, кога имало одрон на камења, кој возачот се обидел да го избегне, но притоа удрил во карпата која се наоѓала на десната страна од патот.
Четирите деца и возачот се здобиле со повреди, но засега ниту еден од нив не е во животозагрозувачка состојба.
Видеото и повеќе детали може да се погледнат ТУКА.
