Македонскиот фолклор направи неочекувано појавување во новиот холивудски трилер „Ривалите на Амзаја Кинг“, во кој главните улоги ги толкуваат познатите актери Метју Меконахи и Курт Расел.
Во еден дел од филмот може да се слушне добро познатата македонска народна песна „Што ми е мило, мило и драго, во Струга града мамо дуќан да имам…“, со што македонскиот мелос добива место во голема филмска продукција.
Песната во филмот е застапена во изведба на хорот „Китка“, а нејзиното појавување е забележано околу 32. минута од филмот.
Интересниот момент го споделија „Комикс“, кои ја доставиле снимката и откриле дека македонската песна се слуша во овој актуелен филм.
„Ривалите на Амзаја Кинг“ моментално се прикажува во кината, а ова неочекувано музичко појавување сигурно ќе биде особено интересно за македонската публика.
Македонска песна, холивудски филм и познати светски актери – комбинација што дефинитивно го привлекува вниманието.
Веста ја пренесува Слободен печат.
