Фото: ГФК Победа
ГФК Победа продолжува со одличниот старт на сезоната, откако на домашен терен приреди вистинска голеада и со убедливи 10-0 го совлада Влазерими во второто коло од Третата лига – Регион 4. Победата беше проследена и со одлична атмосфера на трибините, каде прилепската публика повторно покажа голем интерес за својот клуб.
За Победа ова беше втор триумф во новата сезона, а резултатскиот почеток е повеќе од убедлив. Во првото коло прилепскиот состав славеше со 6-0 против Превалец, па по две одиграни средби веќе има постигнато дури 16 гола.
Новоформираниот клуб во сезоната 2026/27 започна од понизок ранг на македонскиот фудбал, со амбиција постепено да ја врати Победа на местото кое го има во спортската историја на градот.
Фото: ГФК Победа
