Камерата во кабината на еден камион снимила крајно необична ситуација која за кратко време привлече големо внимание на интернет.
На снимката се гледа возачот во навидум невозможна положба – левата нога му е протната низ воланот и останала заглавена. Додека се потпира со другата нога на седиштето, тој со двете раце се обидува да го ослободи стапалото и да се извлече од необичната ситуација.
Не е познато како воопшто успеал да се најде во ваква положба, но сцената изгледа толку бизарно што снимката веднаш предизвика бројни реакции и коментари на социјалните мрежи.
Веста ја пренесува Palankainfo.
