Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Лекарски пар заврши во притвор по смртта на познатиот пејач: Истрагата доби сериозен пресврт!

Gladiator 17/09/2026

Двајца лекари, сопружници, завршија во притвор во Грција по смртта на познатиот пејач Јоргос Мазонакис, кој почина за време на медицинска процедура во нивната приватна ординација.

По повеќечасовно сослушување пред истражен судија и обвинител, на лекарскиот пар му е определена мерка притвор. Тие, сепак, ги отфрлаат сите наводи против нив и негираат дека сториле кривично дело.

Случајот добил нова димензија откако истрагата била проширена со дополнителни докази. Првично, лекарите биле осомничени за загрозување на животот со смртен исход, но обвинението подоцна било преквалификувано во убиство со евентуална умисла.

Мазонакис починал додека во ординацијата се вршела плазмафереза, медицинска постапка при која се одвојува крвната плазма. Според досегашните наоди од истрагата, ординацијата била регистрирана како интернистичка приватна практика, а се појавиле сомнежи дека таму биле изведувани и процедури за кои немало соодветна дозвола.

Особено внимание на истражителите привлекол начинот на кој била водена интервенцијата во критичните моменти. Според грчките медиуми, лекарите не повикале итна медицинска помош веднаш, туку се обидувале сами да му помогнат на пејачот.

Се истражува и податокот дека од моментот на влошувањето на неговата состојба до повикувањето на брзата помош поминало значително време. Надлежните сега проверуваат дали навременото реагирање можело да влијае врз исходот.

Важен дел од истрагата е и самиот апарат што бил користен за плазмаферезата. Според досегашните информации, уредот регистрирал повеќе предупредувања за време на процедурата, вклучително и сигнал во моментот кога престанала срцевата работа.

Лекарката која ја спроведувала процедурата, според својот исказ, тврди дека сигналите не морале да значат дека пациентот доживува срцев удар. Таа навела дека предупредувањата можеле да бидат поврзани и со други технички или медицински проблеми, меѓу кои и венскиот пристап.

Нејзиниот сопруг, пак, тврдел дека во моментите кога се одвивала процедурата бил ангажиран со друг пациент во соседната просторија и дека немал директна улога во третманот на Мазонакис.

И двајцата пред истражните органи ги отфрлиле сомнежите дека постапувале со намера да му наштетат на пејачот. Тие инсистираат дека користената опрема била дозволена и дека процедурата била спроведена согласно протоколите. Одбраната, исто така, ја довела во прашање постапката при транспортот на Мазонакис до болницата.

По завршувањето на сослушувањето, кое траело повеќе од 16 часа, лекарскиот пар бил префрлен во затворот Коридалос, во близина на Атина.

Смртта на Мазонакис предизвика голем потрес во Грција. Тој беше меѓу најпознатите грчки музички ѕвезди и повеќе од три децении беше присутен на музичката сцена.

Зад себе остави бројни хитови, албуми и илјадници настапи, а редовно настапуваше во познатите грчки ноќни клубови со жива музика.

Само неколку дена пред смртта, тој се подготвувал за голем концерт во Атина, со кој требало да одбележи 33 години од почетокот на својата музичка кариера.

Веста ја пренесува Слободен печат.

Tags: лекари Мазонакис пејач притвор

Continue Reading

Previous: (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Стравична сцена пред посетителите: Еден момент го претворил возењето во хорор!
Next: (ВИДЕО) По полноќ стана напнато: Демонстрантите повторно на улиците!

Најново

  • (ФОТО) Оваа бензинска од утре ќе ги продава горивата за три денари поевтино
  • (ВИДЕО) Деца го палат македонското знаме и се снимаат за „ТикТок“
  • (ВИДЕО) Стравични сцени пред училиште: Момче пукаше по ученици во Турција
  • Иран нуди отворање на Ормускиот теснец, цените на нафтата паднаа на берза
  • (ФОТО) Трагедија: Загина млад пејач во Србија, автомобилот е распарчен

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ФОТО) Оваа бензинска од утре ќе ги продава горивата за три денари поевтино

(ФОТО) Оваа бензинска од утре ќе ги продава горивата за три денари поевтино

22/09/2026
(ВИДЕО) Деца го палат македонското знаме и се снимаат за „ТикТок“

(ВИДЕО) Деца го палат македонското знаме и се снимаат за „ТикТок“

22/09/2026
(ВИДЕО) Стравични сцени пред училиште: Момче пукаше по ученици во Турција

(ВИДЕО) Стравични сцени пред училиште: Момче пукаше по ученици во Турција

22/09/2026
Иран нуди отворање на Ормускиот теснец, цените на нафтата паднаа на берза

Иран нуди отворање на Ормускиот теснец, цените на нафтата паднаа на берза

22/09/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ФОТО) Оваа бензинска од утре ќе ги продава горивата за три денари поевтино
  • (ВИДЕО) Деца го палат македонското знаме и се снимаат за „ТикТок“
  • (ВИДЕО) Стравични сцени пред училиште: Момче пукаше по ученици во Турција
  • Иран нуди отворање на Ормускиот теснец, цените на нафтата паднаа на берза
  • (ФОТО) Трагедија: Загина млад пејач во Србија, автомобилот е распарчен

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.