Посетителка на локален саем во индиската сојузна држава Махараштра се здобила со тешки повреди откако нејзината коса била повлечена во механичкиот дел од атракцијата на која се возела.
Несреќата се случила на 11 септември во местото Фулсаванги, во округот Јаватмал, за време на локалниот фестивал Танха Пола, во близина на храмот Пунешвар.
Според локалните извештаи, 25-годишната Бали Мароти Таликоте се наоѓала на големата атракција кога косата ѝ се заглавила во лежиштето зад седиштето. Иако механизмот продолжил да се движи, луѓето околу атракцијата веднаш сфатиле дека нешто не е во ред откако слушнале крици.
Возењето било запрено со помош на присутните и полицијата, по што жената била ослободена од машината. Таа со сериозни повреди на главата итно била пренесена во болница за медицинска помош.
Веста ја пренесува Rikosetemisija.
