Камениот мост во срцето на Скопје привремено е недостапен за пешаците, откако започнаа активности поврзани со неговото осветлување.
По години во кои осветлувањето не функционираше, конечно се преземаат мерки за негово обновување. Средствата за интервенцијата се обезбедени од турската општина Есенлер, додека реализацијата на работите е во надлежност на Град Скопје.
Поради градежните активности, во моментов не е дозволено пешачко движење преку мостот, па граѓаните кои сакаат да преминат од едната на другата страна на Вардар мора да користат други премини.
Се очекува по завршувањето на интервенцијата, Камениот мост повторно да биде осветлен и да добие поинаков изглед во вечерните часови.
Веста ја пренесува Sdkmk.
