Фото: Принтскрин
Руска фрегата испалила две сигнални ракети кон дански воен хеликоптер над меѓународните води.
Една од нив поминала на мала далечина од леталото, соопшти данската командна одбрана, по што бил повикан рускиот амбасадор на разговор.
Инцидентот се случил на 14 септември, додека хеликоптерот имал рутинско фотографирање на руската фрегата.
За време на мисијата рускиот воен брод испалил две сигнални ракети кон леталото на Данска.
