Фото: Принтскрин
Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски кажа какви закани добил од 39-годишното лице од Черкези, кои беше приведено и Обвинителството отвори постапка против него.
„Јас вчера дознав за тие закани, сум бил свиња и ќе ме колел на плоштад. Упатил пцовки кон мене и моето семејство“, откри премиерот.
Заканата од лицето пристигнала на 11 септември на профилот на социјалните мрежи на премиерот Мицкоски.
