Фото: Принтскрин
Владата ќе одржи седница на која ќе го намали ДДВ на горивата од 18 на 10 проценти, а тоа го потврди премиерот Христијан Мицкоски.
Мицкоски кажа дека оваа мерка треба да допринесе за намалување на цената на дизелот во пресрет на утрешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика.
„Веќе имаме мерки и намалени акцизи за дизелот и безоловното гориво. Ќе донесеме и нова мерка, а тоа е намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти“, кажа Мицкоски.
