Фото: Министерство за култура
Македонскиот пијанист Андреј Цековски освои златен медал и пехар за прво место во Њујорк на церемонијата на „International Youth Music Competitions“.
Андреј настапи на гала-вечерта на победниците на „The DiMenna Center for Classical Music“ во Њујорк.
Оваа награда е потврда дека 11-годишниот Андреј Цековски го развива својот музички талент и ја претставува Македонија во светот.
