Фото: Принтскрин
Едно лице е казнето откако истото претходно беше снимено како фрла ѓубре во реката Вардар.
„Денес на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа лице како фрла отпад во реката Радика, во близина на Дебарското Езеро.
Ваквото однесување е неприфатливо и ја загадува природата и животната средина.
За овој случај, овластениот инспектор за животната средина при Општина Дебар ќе ги преземе потребните мерки, согласно своите надлежности и важечката законска регулатива.
Апелираме до сите граѓани да покажат одговорност и да се грижат за природното богатство на Дебар“, соопштија од Општина Дебар.
