Фото: Принтскрин
Русија ја повлекува согласноста за работа на Генералниот конзулат на Германија во Санкт Петерсбург, соопшти министерството за надворешни работи на Русија.
Конзулатот мора да запре со работа на 18 септември, а сите негови вработени до тој датум мора да ја напуштат Русија.
Оваа одлука беше најавувана и неколку денови претходно.
„Одговорноста за последиците од новиот круг ескалации во односите меѓу двете земји ја сноси Берлин“, соопштија од Русија.
