Фото: Принтскрин
Минатата ноќ се случило убиство во Скопје, односно населбата Дуќанџик, откако било пукано кон група луѓе околу 23.30 часот кои биле на раскрсницата меѓу улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“.
Двајцата напаѓачи пристигнале на мотоцикл и пукале кон групата луѓе, при што бил погоден 26-годишниот А.М. од Скопје. Повредениот бил пренесен во болница, но истиот починал.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
