Фото: Принтскрин
Пијан возач предизвика тешка сообраќајна незгода во која настрадаа три малолетни деца во Цазин, Босна и Херцеговина, пишува српски „Блиц“.
Фахрет Хорозовиќ Факи управувал со неприлагодена брзина и под дејство на алкохол, по што загубил контрола врз автомобилт.
Потоа се удрил во потпорен ѕид на кој се наоѓале три малолетни лица, по што тие во тешка состојба се префрлени во болница.
„Поради обемно крварење, докторите морале да им ги ампутираат десните потколеници на сите три деца“, открива д-р Јасмина Шеховиќ.
