Фото: Принтскрин
Директорот на руската разузнавачка служба, Сергеј Наришкин предпреди од опасност од голем конфликт на евроазискиот простор.
Според неговите зборови, зад продолжување на војната во Украина се крие далеку поширок план на Западот.
Наришкин кажа дека постои реална опасност од конфликт од широки размери на просторот на Европа и Азија.
Тој смета дека западните земји сакаат војната во Украина да трае подолго затоа што со неа гледаат начин да ја исцрпат руската страна.
