Фото: Македонско Географско Друштво
Македонските натпреварувачи имаа одличен настап на 19. Меѓународна олимпијада по геонауки, која се одржа во Торино, Италија во период од 20 до 27 август.
Македонија во конкуренција на 40 држави и 160 учесници успеа да освои девет медали, и тоа два златни, еден сребрен и шест бронзени.
Тимот беше претставен од учениците:
– Стефанија Димовска од СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“, Битола
– Трајче Шатков од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“, Кавадарци
– Борче Кузманоски, СОУ „Цар Самоил“, Ресен
– Никола Здравески од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, Прилеп Делегацијата ја предводеа двајца ментори: д-р Горан Китевски, вонреден професор на Институтот за географија при ПМФ и претседател на Македонското географско друштво, и д-р Ивица Милевски, редовен професор на Институтот за географија при ПМФ и експерт по физичка географија, со мало јубилејно, петто менторство на македонска делегација на IESO.
