Фото: Принтскрин
Над хрватскиот град Солин синоќа избувна пожар кој во еден момент го зафати просторот меѓу куќите, но било спречено негово ширење од страна на пожарникарите.
Пожарот избувнал околу 22.50 часот, а по полноќ конечно бил ставен под контрола, откако интервенирале 95 пожарникари со 29 возила.
