Фото: Социјални мрежи
Докторите повеќе денови се бореа за животот на 21-годишната Амра Даут, која почина во Клиничкиот центар во Сараево.
Амра, родена во 2004 година, се здоби со тешки повреди во тешка сообраќајка во деловниот центар „96“ во градчето Витез.
По несреќата, Амра била префрлена во болница каде што ѝ била дадена медицинска помош, но и покрај големите напори на докторите и лекувањето, девојката го загуби животот.
Несреќата се случи во понеделникот кога директно се судрија четирицикл и патничко моторно возило во деловниот центар „96“ во градчето Витез.
