Фото: Принтскрин
Руските воени сили стигнаа на 12 километри од Суми, додека во исто време напредуваат кон предградијата на Славјанск, Краматорск и вршат притисок од повеќе правци.
Тоа го изјави рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференција за новинарите. Путин кажа дека продолжува напредувањето иако беспилотните летала претставуваат голем проблем.
„Единицата на групата Југ, стабилно напредува, ги совладува одбранбените линии и се пробива под притисок и закана од дронови. Групата Север продолжува да формира безбедносна зона ширум границата, до Суми останаа 12 километри“, кажа Путин.
