За Стефан, првиот ден на училиште годинава беше посебен – тој е единствениот ученик кој седна во училишната клупа како прваче во подрачното училиште „Сандо Масев“ во Вељуса.
Почетокот на неговото образование беше одбележан со топол пречек од наставниците, родителите и градоначалникот на Струмица, Петар Јанков. За да му го разубави стартот на новото животно поглавје, градоначалникот му подари ранец исполнет со училишен прибор, тетратки и останати потребни материјали.
Оваа учебна година училиштето во Вељуса ја започна со нов организациски статус, откако досега функционираше како подрачно одделение во рамки на ООУ „Гоце Делчев“.
Неговиот прв чекор во образованието, иако започна во мала средина и со единствено прваче во генерацијата, носи големо значење за целото училиште и селото.
Веста ја пренесува 24chasa.mk

