Голема трагедија го потресе Сараево откако мајка и нејзината ќерка починале за време на одмор во црногорското приморје.
Станува збор за 45-годишната Шејла Велија и нејзината 22-годишна ќерка Џејна Велија, кои трагично ги загубиле животите на 28 август во местото Добри Води во Црна Гора.
Според досегашните информации, прва починала ќерката, а приближно еден час подоцна починала и нејзината мајка.
Случајот бил пријавен во црногорските надлежни институции, по што биле преземени потребните дејствија за утврдување на околностите под кои настанала трагедијата.
Првичните наоди од обдукцијата укажуваат дека кај двете жени дошло до срцев застој. Надлежните, според досега објавените информации, немаат индикации дека станува збор за насилна смрт или дека во случајот има елементи на кривично дело.
Веста за трагедијата предизвика голема болка меѓу луѓето во Сараево. Пријатели, соседи и сограѓани се простуваат од мајката и ќерката, а на социјалните мрежи се појавија бројни пораки со сочувство до нивните најблиски.
Двете жени биле на одмор во Црна Гора кога се случила трагедијата, која во само неколку часа оставила едно семејство без мајка и ќерка.
Веста ја пренесува Avaz.ba

