Вистински хаос настанал во автобус во Шведска, кој во моментот превезувал околу 50 патници.
Возачот ненадејно се онесвестил додека автобусот бил во движење, по што една од патничките, 63-годишната Марија, реагирала без двоумење. Со помош на уште еден патник успеала да ја преземе контролата и безбедно да го запре автобусот.
Благодарение на нивната брза и храбра реакција, ситуацијата не прераснала во трагедија.
Возачот веднаш бил пренесен во болница, додека патниците поминале без сериозни последици.
Веста ја пренесува Informernovine.
